Во организација на атлетскиот клуб „Борец“, со поддршка од Општина Велес, вечерва ќе се одржи по четврти пат ноќната атлетска трка „Трчаме за Рацин“. Стартот е предвиден за 19 часот, пред споменикот на Рацин, кај Гимназијата „Кочо Рацин“. Трката ќе се одржи на дистинции од 5 и 10 километри, во кружна проверка по главните улици на Велес, каде и е целта, исто како и стартот. Од Општина Велес информираат дека се завршени сите подготовки за настанот, кој ќе го отвори Детската трка во 17:30 часот.
Организаторите повторно обезбедија вредни парични награди и медали за најдобрите натпреварувачи во сите категории.
На трката ќе учествуваат спортисти од различни атлетски клубови во Македонија, како и рекреативци. Резултатите од трките ќе се бодуваат во македонската атлетска тркачка лига.
Организаторот ги повикува сите граѓани и љубители на спортот да ја поддржат вечерва и да ги бодрат учесниците, а по завршувањето на трките, да уживаат во богатата музичка програма која следи.
Трката „Трчаме за Рацин“ е во чест на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин и е дел од богатата програма на 62. Рацинови средби во Велес.




