Ерлинг Халанд ќе потпише до сега невиден девет и пол годишен договор со кој ќе има скоро 34 години на крајот од договорот, пишува Телеграф.
Бројките допрва треба да се обелоденат и се најавува дека тоа ќе биде еден од најбогатите договори воопшто во спортот.
Според првичните шпекулации, Норвежанецот ќе стане прв играч во историјата на Премиер лигата со над 500.000 фунти неделно. Но со бонуси и права, тој ќе заработува многу повеќе од тоа.
Реал Мадрид долго време го посакуваше, но Халанд во 2022-ра направи трансфер од Борусија на Етихад од 51 милиони фунти и стигна до тројната круна. Во моментов има 111 гола на 126 средби.