Четирите членови на SpaceX Crew-10 и седумте членови на екипажот Expedition 72 се собраа за церемонија на добредојде по успешното спојување на вселенското летало SpaceX Dragon со Меѓународната вселенска станица. / NASA Од август претходната година слушнавме дека SpaceX ќе преземе задача да ги врати на Земјата американските астронаути, кои се наоѓаа на вселенската станица само една седмица. Нивниот престој се продолжи поради високите ризици при враќањето со леталото Starliner на Boeing, кое беше вратено празно. Астронаутите на NASA, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, поминаа речиси цела година на МВС, каде што им помагаа на другите членови на екипажот со долгорочна мисија. Најверојатно, нивното враќање на Земјата ќе се оствари утре или во среда, придружени од рускиот астронаут Александар Горбунов. Лансирањето кое се одржа вчера не беше наменето специјално за враќањето, туку се искористи за испраќање на нови астронаути. Новиот екипаж го сочинуваат NASA астронаутите Ен Меклејн и Никол Ајерс, JAXA астронаутот Такуја Ониши и астронаутот од Roscosmos, Кирил Песков. На станицата беа пречекани од астронаутите Ник Хејг, Дон Петит, Суни Вилијамс, Буч Вилмор, Александар Горбунос, Алексеј Овчинин и Иван Вагнер. NASA планира пренос во живо за враќањето на капсулата SpaceX, а точниот временски термин ќе зависи од временските услови, но се очекува тоа да биде во следниве два дена.