Откако последната рекордна аквизација во нападот на Арсенал, Ѓокереш не успеа да се наметне и да ги исполни очекувањата на навивачите и тренерот Микел Артета на „Емирати“. Но, ова лето во клубот пристигнува нова ѕвезда.
Според шпанската публикација „Марка“, а откако „Ас“ објави, управата на Топџиите е во завршни преговори со челниците на Атлетико Мадрид за трансфер на Хулијан Алварез.
Последните информации од Пиринеите говорат дека лондонскиот премиерлигаш ќе им плати на Јорганџиите 130 милиони веднаш, а дополнителни 50 милиони во следните три години. Аргентинскиот репрезентативец притоа ќе потпише договор на шест години со неделна плата од околу 400.000 фунти.
Ако се реализира овој трансфер, Артета планира да ги продаде Габриел Жезус и Каи Хаверц во текот на летниот преоден рок.
Во меѓувреме, Ѓокереш постигна важен гол во победата на Арсенал над Евертон од 2:0, со што успеа да го намали притисокот што го чувствуваше од навивачите на Лондон.




