Архангел објавува нова песна – големо враќање на култниот бенд

Култниот македонски рок-бенд Архангел повторно ја разбуди домашната музичка сцена со кратка, но силна најава на социјалните мрежи – „Нов сингл… Наскоро…“.

Оваа објава веднаш привлече внимание и возбудување кај фановите, кои со години го чекаат нивниот нов материјал. Најавата доаѓа во важен период за бендот, кој активно работи на својот петти студиски албум – прво издание по повеќе од дваесет години.

Предводени од Ристо Вртев, Архангел веќе три децении претставуваат една од најавтентичните и влијателни формации на македонската рок сцена. Нивниот специфичен звук – спој на алтернативен рок, пост-панк и длабока поетика – остави значаен белег на генерации слушатели и музичари.

Новиот сингл ќе биде првиот официјален исчекор кон новата глава на бендот и најава за долгоочекуваното издание, кое се смета за едно од најзначајните музички настани во земјата оваа година.

Прочитајте и:  ЕВН Македонија започна со користење на првиот систем за складирање на енергија на батерии.

Иако деталите за проектот остануваат таинствени, едно е сигурно – кога Архангел најавува нешто „наскоро“, тоа сигурно вреди да се чека.