Аргентинските власти започнаа длабинска истрага за можни финансиски неправилности во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА). Специјално внимание се посветува на претседателот Клаудио Тапија и неговиот близок соработник, благајникот Пабло Товигињо.
Во текот на декември 2025 година, извршени беа бројни претреси во седиштето на АФА, канцелариите на Лигата и во повеќе од 17 клубови.
Судијата Даниел Рафекас нареди и претрес на луксузна вила во Пилар, која обема над 10 хектари, а формално е на име на компанијата „Реал Централ СРЛ“.
При претресот, конфискувани беа околу 45 луксузни автомобили, вклучувајќи Порше и Ферари, како и мотоцикли и други вредни предмети.
Во рамките на оваа истрага е вклучена и финансиската компанија „Сур Финанзас“, која се соочува со обвиненија за сомнителни кредити кон клубовите и можно перење пари.
ФИФА внимателно го следи напредокот на случајот бидејќи, ако се докаже дека Тапија нелегално стекнал богатство, не е исклучено дека Аргентина би можела да биде исклучена од Светското првенство, а натпреварот Финалисима, организиран од ФИФА, би можел да биде откажан.




