На 19 април 2026 година, околу 02:50 часот, во ноќен клуб во Карпош, Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го задржаа Н.Т. (28) од Пробиштип, известува МВР. При проверката, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По пристигнувањето во Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициските службеници кои извршувале свои должности и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен во станицата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.




