Меѓу мноштвото производи кои Apple ги претстави вчера, ниту еден не успеа да стане мета на толку интернет шеги и потсмев, како Apple Pencil.
Овој гаџет чини 99 долари и е создаден за новиот таблет iPad Pro (799 долари). Продажбата и на двата производа ќе стартува во ноември.
Од Apple, моливот го нарекуваат “уред за прецизно внесување” и тврдат дека може да се користи за нешта како “илустрации и 3D дизајн.”
Твитерџиите не ја пропуштија можноста да се позабавуваат со новиот уред, но и да потсетат дека покојниот Стив Џобс беше најжесток противник на сличен род додатоци.
Еве уште неколку интересни реакции:
Тоа е Apple Pencil. Забележувате ли дека тоа не е молив, напиша корисник на Twitter.
Жал ми е што треба да се пофалам, но јас сум првиот кој доби Apple Pencil, напишаLifeisSavage на Twitter.
Искористувајќи го хаштагот #УжасниПодароциЗа4-годишноДете, друг корисник напиша “молив, кој чини повеќе од 1 долар”
Синџирот установи Denny’s исто така се вклучија објавувајќи свој молив:
Apple Pencil е одличен, но мислам да го почекам моливот број 2, напишаmattgonzalez.
99 долари за Apple Pencil? Овој молив подобро да може да ми помогне да ја сменам судбината.