Фото: Shutterstock.com Поради можноста да биде прекинат договорот помеѓу Apple и Google, во кој Google годишно плаќа околу 20 милијарди долари, Apple веќе размислуваат за своите следни чекори. Google исплаќа големи суми на Apple за нивниот пребарувач да остане главен во Safari на Apple уредите, значи тој е автоматски избран ако корисниците не го сменат тоа. Министерството за правда на САД ја води постапката која би можела да го прекине овој договор на Google, како и да предизвика други “последици” кои во овој случај не се толку релевантни. Bloomberg ги пренесува изјавите од процесот, меѓу кои и онаа на Еди Кју, главниот за сервисите во Apple. Кју наведува дека пребарувањата преку Safari бележат првпат намалување, што тој го поврзува со зголемената употреба на пребарувачи со вештачка интелигенција од страна на корисниците. Затоа, Apple разгледува можност да ги вклучи овие пребарувачи во листата на Safari, но не планира да ги направи главни. Според информациите, Apple веќе контактирале со Perplexity AI, еден од истакнатите ВИ пребарувачи, а разгледуваат и вклучување на други решенија. Сепак, на крајот, Кју не е задоволен поради потенцијалните промени, бидејќи сумата од 20 милијарди долари годишно е значајна загуба за Apple. Google, пак, издаде кратка изјава во која наведува дека бројот на пребарувања, вклучувајќи ги и оние преку уредите на Apple, е во пораст поради новите функции кои ги воведуваат.