Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, денеска истакна дека постои договор меѓу коалициските партнери ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ, според кој законот за бранителите никогаш нема да биде ставен на дневен ред.
– Вчера беше моментот кога Комисијата, исто како што итно свика седница за надзорната расправа, можеше да направи исто и за овој закон. Доколку Миле Лефков или владејачкото мнозинство го вметнеа како точка на дневен ред, ќе требаше да се разјасни кој ја има надлежноста за свикување на седницата во отсуство на Илире Даути. Ние сметаме дека тоа е должност на претседателот на Собранието, Гаши, или пак на некој пратеник што тој би го назначил согласно Деловникот.Сепак, гледаме дека процесот е стопиран, што укажува на тоа дека ова е дел од коалициски договор – овој закон никогаш да не стигне до дневен ред – изјави Апасиев.
Одговарајќи на новинарско прашање за време на прес-конференцијата во Собранието, тој нагласи дека според ставот на Левица, државниот грб треба повторно да го содржи симболот на петокраката.




