Мајкл Антонио, фудбалерот од Јамајка, повторно е на теренот по тешката сообраќајна несреќа која му се случи кон крајот на минатата година.
На 7 декември, Антонио се судри со своето Ферари во дрво во близина на Лондон, при што ја повреди бутната коска на четири места. Лекарите му прогнозираа дека процесот на закрепнување ќе трае од шест до 12 месеци, но тој успеа да се врати на фудбалските терени многу порано од очекуваното.
Антонио влезе во игра во 85. минута, но не успеа да ја спаси карипската селекција од пораз во првото коло на Голд Купот против Гватемала, завршувајќи со резултат 0:1.