Антонели триумфираше во Спа Франкошамп

Aндреа Кими Антонели ја оствари шестата победа во сезоната на легендарната патека Спа Франкошамп. На само 19 години, овој Италијанец триумфираше во Големата награда на Белгија, пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул.

Антонели повторно се најде во брилијантна форма и ги задржа нервите, дури и кога Леклер успеа да ја искористи предноста од виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми на својот болид.

Трката во Белгија не донесе многу возбудувања, а најзначајниот момент се случи во првиот круг, во шестата кривина, кога Џорџ Расел, по контактот со Луис Хамилтон, ја заврши својата трка. Седумкратниот светски првак доби казна од пет секунди, што го чинеше позиција на подиумот.

На крајот, Хамилтон заврши на четвртото место, зад Ферстапен, кој го постигна својот 300-ти подиум за Ред Бул.

Бодови во Белгија освоија и Оскар Ојастри (Мекларен), Исак Хаџар (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Габриел Бортолето (Ауди), Арвид Линблад (Рејсинг Булс) и Франко Колапинто (Алпин).

Пред настапот на Големата награда на Унгарија, Антонели има 47 поени предност пред Луис Хамилтон, додека третиот на табелата е Расел.

Foto/ EPA