Со голема чест ја продолжуваме нашата иницијатива за промовирање на инклузивноста во литературата, овој пат со донирање на книгите „Невидлив“ и „Чекорите до црешовото дрво“ на Брајово писмо во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, објавија од „Антолог“. Суштината на книгите е во нивната достапност – секој читател, без оглед на предизвиците со кои се соочува, треба да ја искуси магијата на раскажаните приказни. Со оваа донација поставуваме уште еден цементен чекор кон свет каде што никој нема да биде изоставен од книжевното богатство. Веруваме дека читањето треба да биде без никакви бариери. Отворените книги се клуч кон нови светови!
Овие активности произлегуваат од проектот „Создадено во Европа“, и ја нагласуваат мисијата на „Антолог“ – да се направи книжевноста достапна за секого и да се поттикне еднаков пристап до културните содржини. Со огромна радост ја проширивме збирката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“со книга на Брајово писмо – „Невидлив“ од Елој Морено. Нашата визија е јасна и едноставна: секоја книга треба да биде на располагање за сите! Придонесуваме за свет каде што секој може да се допре до силата на раскажаните приказни. Продолжуваме со нашите напори за инклузивност во книжевноста, бидејќи секоја страница заслужува внимание од секого.
Овие активности, кои се дел од проектот „Создадено во Европа“, го потврдуваат стремежот на „Антолог“ да ја направи книжевноста пристапна за сите и да овозможи еднакви можности за пристап до културните содржини.