Реал Мадрид и Манчестер Сити вечерва ќе го одиграат возвратниот натпревар од осмина-финалето во Лигата на шампионите, а пред тој дуел, Карло Анчелоти излезе пред медиумите и одговараше на нивните прашања.
Денешниот натпревар ќе започне во 21:00 часот, а Анчелоти ја искористи својата прес-конференција за уште еднаш да го изрази своето незадоволство од квалитетот на судењето во Шпанија.
„Бројките говорат сами за себе. Судиските одлуки во шпанското првенство се на пониско ниво во однос на оние во европските натпреварувања. На меѓународната сцена има помалку контроверзии и се носат попрецизни одлуки. Во Лигата на шампионите се ангажирани врвни судии од целиот континент, што резултира со многу повисок квалитет на судењето“, порача италијанскиот стратег.