Американски и јапонски лунарни сонди лансирани со SpaceX од Флорида

Две комерцијални лунарни сонди беа лансирани кон Месечината со истата ракета на SpaceX Falcon 9 од Кејп Канаверал, Флорида, покажаа сликите од американската вселенска агенција НАСА во средата наутро.

Месечевата сонда Blue Ghost беше развиена од Firefly Aerospace од Тексас, додека сондата Resilience доаѓа од јапонски стартап.

Се очекува Blue Ghost да пристигне на Месечината за околу 45 дена, а Resilience за четири до пет месеци.

Висок околу 2 метри и широк 3 метри, Blue Ghost носи материјали и инструменти за 10 научни истражувања предводени од НАСА.

Прочитајте и:  Научниците симулирале судир на астероидот Бену со Земјата во септември 2182 г.

Целта на овие студии е да се истражат слоевите под површината на Месечината, со фокус на подготовките за идните мисии со екипаж.

Resilience е опремен и со микро ровер наречен Tenacious, дизајниран да ја истражува површината на Месечината и да собира лабав материјал.

Ракетата Falcon 9 на SpaceX полета во 6:11 часот по Гринич. Раздвојувањето на Blue Ghost се случи како што беше планирано околу еден час по полетувањето, а она на Resilience на iSpace околу 30 минути после тоа.

Земјите и приватните компании ширум светот се фокусираа на Месечината во последниве години поради нејзиниот потенцијал таму да се воспостават бази и ресурси кои би можеле да се копаат за вселенски мисии, што го прави природниот сателит на Земјата сцена за геополитичка конкуренција слична на вселенската трка од времето на Студената војна.

- Реклама -