Американски функционер: Ако во скоро време нема напредок, конфликтот може да се продолжи.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа состанок во Ситуациската соба на Белата куќа, фокусирајќи се на новата криза околу Ормускиот теснец и тековните преговори со Иран. Ова го потврдија двајца претставници од американската администрација.

Ситуацијата со Иран е критична, бидејќи примирјето истекува за само три дена, а датумот за нова средба меѓу американските и иранските преговарачи сè уште не е утамен. Иранската најава за повторно затворање на теснецот, заедно со серијата напади на бродови во овој стратешки морски пат, дојде само 24 часа по изјавата на Трамп дека договор за запирање на конфликтот може да се постигне „за ден или два“.

Висок функционер од САД предупреди дека, ако не се направи напредок наскоро, војната би можела повторно да избувне во наредните денови. На состанокот во Белата куќа учествуваа и потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет, министерот за финансии Скот Бесент, шефицата на кабинетот Сузи Вајлс, специјалниот пратеник Стив Виткоф, директорот на ЦИА Џон Ретклиф и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн.

Прочитајте и:  Ана и Игор Дурловски со оркестарот „Ајга“ приредуваат незаборавна вечер во чест на Охридското лето