Американските бомбардери Б-2 стартуваа од воената база и се движат во западна насока над Тихиот Океан во време кога претседателот Доналд Трамп ги разгледува своите опции во контекст на растечките тензиции помеѓу Израел и Иран, известуваат некои новински агенции, повикувајќи се на платформи за следење на летовите во реално време.
Стратешките бомбардери Б-2, кои имаат способност да носат специјална бомба за пробивање бункери, позната како GBU-57, полетаа од воената база Витман во Мисури и беа забележани над Калифорнија во придружба на горивни авиони.
Иако конечната дестинација на бомбардерите не е позната, некои извори наведуваат дека се упатуваат кон островот Гуам во Тихиот Океан.
Во изјавата, Трамп нагласи дека Иран не смее да располага со нуклеарно оружје. Тој исто така ќе претседава со состанок на Советот за национална безбедност во Белата куќа и најави дека има рок од две недели за да донесе одлука дали САД ќе учествуваат во израелската офанзива против Иран.