Амелиа Николов и Кристијан Станојковски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во стоен тенис.

Македонските пинг-понг репрезентативци, Амелиа Николов (во женска категорија) и Кристијан Станојковски (во машка категорија), ќе ја претставуваат нашата држава на Европското првенство кое ќе се одржи во Љубљана, Словенија, од 11 до 18 октомври оваа година.

На ова престижно континентално првенство ќе учествуваат натпреварувачи од 40 различни земји, а присуството на нашите репрезентативци е шанса за ново искуство и предизвик да се покажат во своето најдобро издание.

Пред самото натпреварување, Николов и Станојковски ќе поминат време на подготовки под водство на четирикратната светска шампионка Шанг Јиниңг од Кина.