Чаби Алонсо не го имаше очекуваното деби на клупата на Реал Мадрид, по што шпанскиот стратега веднаш се реши за иновација во неговите тренинги.
Како што пренесува „Марка“, Алонсо почна да користи дронови за да ги снима тренинзите од височина.
Oва е прв пат во неговата тренерска кариера да се послужи со дронови за анализа на работата на неговиот тим.
Снимките од дроновите ќе му помогнат да добие подобар увид во изведбите на фудбалерите за време на тренинзите.




