Алкараз го победи Лехечка и го освои лондонскиот Квинс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои трофејот на АТП турнирот во Квинс, победувајќи го Чехот Јиржи Лехечка со 2-1 во сетови: 7-5, 6-7/5 и 6-2.

Во првите два сета се одигра голема и изедначена борба, но Алкараз покажа најдобри перформанси во клучните моменти и не дозволи изненадување, завршувајќи го натпреварот за два часа и десет минути.