Ракометниот клуб Алкалоид, освојувач на Европскиот куп на ЕХФ, останува посветен на својата стратегија да продолжи со развојот на македонската ракометна сцена. И следната сезона, клубот ќе се базира на тим составен предимно од домашни играчи, кои ќе имаат на располагање врховни услови за тренинг, професионални програми и можности за напредок преку натпревари на домашната и европската сцена.
За новата сезона, управата на клубот од Автокоманда потпиша договори со седум нови членови на екипата. Новите играчи се: Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски, Давид Трајкоски, како и српскиот репрезентативец Урош Борзаш.