Алиу: Загрижувачка ситуација, се зголемува бројот на млади кои стануваат зависни од цигари!

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното појавување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се фокусираше на неопходноста од донесување нов закон за заштита од пушењето. „Законите сами не можат да бидат ефективни и да донесат резултати без целосен екосистем. Законот треба да создава основа и строги правила за подобрување на нашиот екосистем“, потенцираше Алиу.