Алисон подготвува преселба во Серија А?

Ливерпул пред неколку недели најави дека ќе го задржи голманот Алисон Бекер, но изгледа дека Бразилецот има свои амбиции.

Според информациите од „Газета дело Спорт“, Алисон веќе изразил интерес за трансфер во Јувентус.

Наводно, клубот од Торино и неговите претставници се во преговори кои се одвиваат во позитивна атмосфера, со изгледи за можен договор.

Управата на „Старата дама“ планира да го замени актуелниот голман Микеле Ди Грегорио со Алисон, во надеж дека Бразилецот ќе биде клучен играч во потрага за шампионската титула следната сезона.

Алисон оваа сезона настапи на 34 натпревари за Ливерпул, прими 36 голови, а во 13 натпревари не дозволи да биде совладан.

Прочитајте и:  Мечкароски: Изворите во Шум не се загрозени по пронаоѓањето на угинат коњ

Фото/ Depositphotos