Кремите со заштитен фактор служат за заштита на кожата од UV зраците, но не можат целосно да ја избегнат штетата. Ова важи особено за чувствителната кожа, која дури и при кратко изложување на сонце може да реагира со црвенило, појава на флеки и предвремено стареење.
Кога зборуваме за сонце, не се мисли само на одморање на плажа; често сме изложени на сончевите зраци дури и кога сме во дворот или на терасата заради моментално “фаќање сонце”.
Ако имате алергија, ситуацијата може да стане многу сериозна. Првичните симптоми се јавуваат на деловите од кожата кои се директно изложени на сонце. Доколку не се превземат мерки навреме, алергијата може да се прошири на поголеми делови од телото.
За да се заштитите и да избегнете посериозни оштетувања на кожата, следете ги основните правила:
– Избегнувајте директно излагање на сонце помеѓу 10 и 16 часот.
– Носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор.
– Нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено на скриените и чувствителни делови.
– Избегнувајте да ставате парфеми пред изложување на сонце.