„Активижн близард“ ќе исплати 18 милиони долари поради дискриминација на жените

Вашингтон, 29 септември 2021 (МИА) – Американската компанија „Активижн близард“ (Activision Blizzard), една од најголемите производители на видео игри, ќе плати 18 милиони долари за отштета поради дискриминација на жените.

Претходно, регулаторните тела откриле дека жените вработени во компанијата биле малтретирани и добивале помала плата за иста работа отколку мажите. Според дел од поплаките и бремените жени биле дискриминирани.

„Активижн близард“ соопшти дека ќе формира фонд во висина од 18 милиони долари, од кој ќе се исплаќа отштета.

Компанијата ги поседува правата за популарни видео игри и франшизи како „World of Warcraft“, „Overwatch“, „StarCraft“, „Diablo“, „Call of Duty“ и други.

Прочитајте и:  Се враќаат ли мобилните видео игри? Ќе го предизвика ли Sony Nintendo?
- Реклама -