Поради високите температури што се предвидуваат за денеска, Акрополот во Атина ќе биде затворен за туристи од 13 до 17 часот, информираше дописникот на МИА од Атина.
Археолошката управа во Атина утрово изјави дека овој мерка е во интерес на безбедноста на вработените и посетителите.
Во Грција, денес се очекува температурата да надмине 40 степени.




