Чаби Алонсо е во незавидна ситуација во Реал Мадрид, а гласините за неговата замена стануваат сè поинтензивни.
Според информации од извори блиски до клубот, Флорентино Перез донел одлука дека во случај на лош резултат против Алавес на гостински терен, Чаби Алонсо нема да остане на клупата, туку ќе биде заменет од Алваро Арбелоа.
Тренерот на Реал Кастиља, вториот тим на Мадрид, делува како најлогично решение во оваа ситуација, особено што познатите тренери како Зинедин Зидан и Јирген Клоп, кои би можеле да бидат опции, не покажуваат интерес за водење на екипата.
Алваро Арбелоа, долгогодишен член на првиот тим од 2009 до 2016 година, важи за фудбалски војник на клубот, а неговата работа во вториот тим е високо ценета.
Тој беше споменат и претходно како можен преоден тренер, со можност да ја заврши сезоната, а потоа, во зависност од резултатите, да се разговара за неговата иднина.
Доколку се потсетиме, по поразот од Манчестер Сити, играчите на Реал Мадрид јавно се изјаснија дека стојат зад Чаби Алонсо, преземајќи одговорност за лошите резултати и потфрлања, но факт е дека за подобрување на ситуацијата, мора да го остават егото настрана и да се придружат на тактичките планови на својот тренер.
Многу извори нагласуваат дека новиот тренер нема да може да направи поместувања освен ако не се промени ставот на играчите и ако не се стават во служба на тимот, почнувајќи од вечерва во Виторија.
Натпреварот помеѓу Алавес и Реал Мадрид е закажан за недела во 21:00 часот.




