Ако Украина не ги прифати руските услови, ќе изгуби нови територии.

Советникот на рускиот претседател Владимир Путин и лидер на преговарачката делегација за Украина, Владимир Медински, неодамна изрази стравување дека ако Киев не ги прифати условите на Москва за завршување на конфликтот, би можел да изгуби уште делови од своите територии.

Во интервју за американскиот весник “Волстрит џурнал”, тој посочи дека “со Русија не може да се води долга војна”, повикувајќи се на историскиот пример од Големата северна војна (1700–1721) против Шведската империја. Според него, оваа војна потврдува дека Русија има капацитет да издржи и да победи во продолжени конфликти.

„Ние сакаме мир. Но, ако Украина продолжи да действува во согласност со надворешни национални интереси, ќе бидеме принудени да реагираме“, нагласи Медински, алудирајќи на поддршката што Киев ја добива од западните држави.

Иако не наведе конкретни територии кои би можеле да бидат предмет на дополнителна руска анексија, неговата изјава доаѓа во момент кога Москва инсистира на признавање на веќе окупираните региони како дел од Русија во можен мировен договор.