Ако ова лето имате намера да патувате во Грција, веднаш подгответе се и возете со претпазливост. Грчката полиција воведе поостри контроли и казни за сите што ги прекршуваат сообраќајните правила.
Контролите особено ќе ги зафатат оние што не располагаат со исправен противпожарен апарат (S2 – 2 кг), комплет за прва помош со актуелен рок на траење, сигурносен триаголник, резервна гума или комплет за поправка, а тука е и рефлектирачкиот елек кој мора да биде во внатрешноста на возилото, а не во багажникот.
Пушењето во возило во присуство на деца е строго забрането и казната за тоа може да достигне дури 1.500 евра!
Остатокот од казните е следниот:
– 100 евра за неважечка прва помош,
– 100 евра за непоставен триаголник,
– 50 евра за возење во папучи.
Грчките власти нагласуваат дека контролите се чести и не познавањето на правилата не ве ослободува од казна.




