„Ако Јамал сака да игра еден на еден, нека не се префрла на тенис“

Атлетико Мадрид и Барселона вечерва на „Метрополитано“ стадионот ќе се сретнат во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Атлетико, изненадувачки, го доби првиот меч со резултат 2:0, што им дава одлична шанса да се пласираат во полуфиналето. Пред натпреварот, битките се водат и надвор од теренот, а Диего Чоло Симеоне, тренерот на Атлетико, покажа дека во тие ситуации одлично се снаоѓа.

На прес-конференцијата, Чоло беше прашан за коментарите на Ламин Јамал.

Прочитајте и:  ChatGPT открива кои занимања се најбезбедни во времето на вештачка интелигенција

„Ламин се жали дека го чуваат многу играчи од Атлетико и сака да има шанса да игра еден на еден. Што имате да кажете за тоа?“

Чоло веднаш одговори со јасна и хуморна реакција.

„Ако сака спорт еден на еден, нека оди да игра тенис.“

Победникот од дуелот меѓу Атлетико и Барса во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот Арсенал – Спортинг.

Фото/ EPA