Дуото Ај Кју, кое ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2018 година, има нова песна со англиски наслов „Till The Beat Comes Down“.
Бојан и Марија, кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон, активно се занимаваат со музика и денес ја промовираат својата нова песна. Оваа композиција е дел од нивниот следен албум кој во моментов е во фаза на изработка.
Во креирањето на песната, тие соработуваа со продуценти од Лондон, Шведска, Австралија и Италија.
Звукот е модерен и лесно препознатлив за нивните фанови, но во него може да се примети и малку попрогресивен експериментален пристап, особено во ритмичките делови, што претставува освежување во нивниот стил во последните неколку песни.