АХВ го прослави 7 јуни, Светскиот ден посветен на безбедната храна.

На 10 јуни, во вторник, со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе организира настан за подигање на свеста за безбедноста на храната. Настанот ќе вклучува учество на реномирани претставници од ЕФСА, како и од научни и други институции поврзани со производството на храна и нејзината безбедност.

Годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна, кој се прославува на 7 јуни, е „Науката во акција“. Според АХВ, ова мото потсетува на значењето на науката како клучен елемент во синџирот на безбедна храна.

„Науката е основа без која не можат да се создаваат политиките за безбедност на храната, кои институции како АХВ ги развиваат. Преку едукативниот спортско-рекреативен настан кој се одржа денес и настанот во соработка со ЕФСА закажан за вторник, АХВ продолжува да работи на подигање на свеста кај граѓаните за значењето на безбедноста на храната, како и за превенција и управување со ризиците со цел да се унапреди нивното здравје“, истакнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.