Демократската Унија за Интеграција денеска во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект. На овој настан, претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети во својот говор целосно го елаборираше успехот на ова дводецениско патување.
Во продолжение следува говорот на претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети:
Почитувани присутни, сестри и браќа,
Почитувани семејства на паднатите борци и ветерани, почитуван премиер Ковачевски, почитуван поранешен премиер Заев, претседатели на политички партии, министри, претседател на Собранието и пратеници, градоначалници, директори и функционери, почитувани амбасадори, медиуми, почитувани граѓани.
Високо почитувани членови на локалните партиски совети, ограноци, претседатели на ограноци, членови на генералниот совет на ДУИ, Форумот на жените и Форумот на младите.
Добредојдовте на јубилејниот роденден на нашето заедничко семејство, Демократската унија за интеграција.
Како денес, пред 20 години се соединија ослободители и слободољубиви, идеалисти и мисионери, миротворци и мирољубиви, интелектуалци и патриоти, се собраа да го основаат нашето заедничко семејство со здрави и стабилни темели, Демократската унија за интеграција.
На нашите две децении (постоење) вчера и завчера им се радуваа десетици илјади граѓани на плоштадите во Скопје и Тетово, со силни и издржани причини, затоа што имаат за што да се радуваат и слават.
Сите заедно им се радуваат на: МИРОТ, помирувањето, спроведувањето на Охридскиот договор, еднаквоста и правдата, консензуалната демократија, внатрешната, регионална и евро-американска интеграција, како и иднината, зелената агенда.
Мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците.
По мирот и помирувањето, работевме за ЕДНАКВОСТ, која дојде преку националните симболи, службениот јазик, правичната и соодветна застапеност, територијалната поделба, универзитетот, и тоа не само Државниот универзитет во Тетово , туку и Универзитетот “Мајка Тереза“ како резултат на волја, помирување и одраз.
Еднаквоста се унапреди во КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА која беше постигната преку двојното мнозинство на Бадентер, консензуалното донесување на буџетот, одлучувањето во Владата и Собранието, спречувањето на мајоризацијата и маргинализацијата, афирмација на позитивната дискриминација, заедничките консензуални кандидатури за Претседател на државата, Претседател на Собранието и неодамна и за Премиер на нашата заедничка земја.
Овие чекори доведоа и до целосна ИНТЕГРАЦИЈА во државата, во општините, во владата, во собранието, во администрацијата, во полицијата од 170 полицајци на над 2.000, во армијата од 65 на над 2.000, во администрацијата од 2% до над 21%, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност.
Интеграцијата во земјава наметна и регионална интеграција преку нашата политика НУЛА ОТВОРЕНИ СПОРОВИ СО СОСЕДИТЕ и поставување на ЦРВЕНИ ЛИНИИ за нашата партија кои се:
Охридскиот Договор,
Договорот од Преспа,
Договорот за добрососедство.
Од овие црвени линии BРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА и кој сака да биде партнер со нас, мора да ги почитува овие принципи.
Овде сакам да го поздравам и признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, со која затвори уште еден важен спор за нашата земја.
Регионалната интеграција продолжува со ИНТЕГРАЦИЈАТА во ЕВРО-АМЕРИКАНСКИТЕ вредности и во ЕВРО-АТЛАНСКО здружување.
Денес сме членка на НАТО и имаме зелено светло за членство во Европската унија.
Затоа, во пресрет на отворањето на преговорите за членство во ЕУ, изборите не се решение и бојкотите го попречуваат ова патување.
Мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции.
Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани.
Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет.
Маргарет Мекмилан ќе истакне дека Првата светска војна е војната што стави крај на мирот, и јас велам дека нејзините последици сè уште траат.
Пред некое време истакнав дека УКРАИНА не е далеку и некои се пошегуваа.
Денес целиот свет е во неизвесност, економијата е загрозена, животот е ранлив.
Гледајќи ги тажните сцени што ги остава војната, се чувствувам разочаран од неодговорноста на рускиот народ, на неиспровоцираните и неразумни руски злосторства и агресија во Украина.
Во тој контекст, денес велам и повторувам дека КОСОВО не е само билатерален проблем, туку е прашање на стабилност и безбедност, како и мир во регионот, во Европа и во заедницата на евроатлантските вредности. Тоа е невралгичната точка на иднината на Европа.
Затоа (велам) ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ меѓу Косово и Србија веднаш! – ОВА Е ЕДИНСТВЕНО МОЖНО И ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ!
Почитувани присутни,
Иднината е пред нас, иднината е ЗЕЛЕНА.
Откако постигнавме еднаквост и интеграција, не случајно пристапивме кон „Злената агенда“.
Зелената агенда е приоритет на целиот демократски свет затоа што значи квалитетен живот, чист воздух и чиста животна средина, квалитетни училишта и болници, конкурентна економија, развој, напредок, модерна инфраструктура, култура, но и бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал и напори за задржување на младите во татковината.
Овде, со особено задоволство пред вас, го најавувам поставувањето на камен-темелникот на Коридорот 8 ова лето, и им честитам на Владата за оваа одлука.
Исто така, ги повикувам и сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки.
Исто така, и порачувам на меѓународната заедница, другите заедници во земјата и политичките партии во земјата, (и им велам) дека во Демократската унија за интеграција ќе продолжите да имате лојален партнер, со збор и со дело, во идеалите и вредностите, фронтмен во гореспоменатите битки.
Додека на моите сопартијци и граѓани, им порачувам дека денешниот 20 годишен јубилеј е посветен на младите кои денеска одбележуваат 20 години од своето раѓање, заедно со Демократската унија за интеграција.
Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се устрои зад мене.
ДУИ