Ахмети: Не треба скептицизам, за зелената агенда ќе има пари и од локално и од меѓународно ниво

Со ребрендирањето во зелена партија, ДУИ си направи алиби со за да ги забетонира постојните и да ги надгради политичките позиции во областа на „еколошките бизниси“, вели Лиле Поповска од ДОМ, за „Дојче веле“, кој во текст посветен на изненадувањето на Ахмети, прашува: „Каде нишани ДУИ: Во зелената агенда или во зелените бизниси?“.

„Веќе две децении имаат огромна моќ во областа на животната средина и бизнисите што ја тангираат. На чело се на цел синџир од институции, како министерства за екологија и економија, инспекторати за животна средина, техничка инспекција, шумска полиција и слично, а Македонија има сериозни еколошки проблеми, честопати поврзани со организиран криминал и корупција“, посочува Поповска, според која со овој потег ДУИ најави дека и понатаму неприкосновено ќе владее со ресорот животна средина, особено во светлото на климатската акција, зелените фондови за развој на зелена економија и енергетската транцизија од фосилни кон обновливи енергии.

Поповска потсетува дека зелениот бран ја преплавува Европа и се шири и на Балканот преку партиски и граѓански зелени листи, па во тој контекст ДУИ фаќа чекор со актуелните глобални трендови.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Зелените фондови ги спомна и Ахмети, во гостувањето на ТВ21, но во поинаков контекст. Имено, тој порача дека на зелената агенда (на ДУИ) не треба да се гледа со скептицизам, затоа што, како што рече, не само што партијата ги има сите капацитети да се справи со ова прашање, туку за ова ќе има средства и од локално и од меѓународно ниво.

Потенцирајќи дека ДУИ е партија која постојано е во движење и постојано „обновува“ и исто така и самата се обновува, Ахмети истакна дека прв приоритет ќе биде управување со отпадот, воздух и чистата вода – прашања кои досега немале заслужен третман.

Во гостувањето на ТВ21, од друга страна, Ахмети мораше да се правда зошто тој самиот се вози со нееколошки автомобил, како и зошто градоначалниците и министрите на ДУИ сите овие години не се истакнаа, барем не позитивно, на ова поле. За тоа, ТУКА.

- Реклама -