Ахмети на „историско кафе“ во Косово (ФОТО)

И додека до неодамна високиот функционер на ДУИ – Артан Груби, е во Косово вон дофатот на органите на прогонот, во Косово е и лидерот на партијата – Али Ахмети.

Извесен Исмет Сулејмани, кој според неговиот Фејсбук профил живее во Приштина, утрово објави фотографија со лидерот на „интегративците“, и тоа во албум со наслов „АЛБАНСКИОТ НАРОДЕН ЛИДЕР АЛИ АХМЕТИ“.

„ИСТОРИСКО КАФЕ СО АЛИ АХМЕТИ ВО ПРИШТИНА“, стои во насловот на објавата.

„Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација – мојот пријател Али Ахмети, и генералниот секретар на ДУИ – Фатон Ахмети“, пишува Сулејмани во описот, но не открива кој е поводот и зошто кафето е толку „историско“.

- Реклама -