Агаси по шокантниот пораз на Синер: Не постои оправдување за ваков колапс.

Поранешниот светски рекет број еден, Андре Агаси, изрази изненаденост поради начинот на кој Јаник Синер беше елиминиран од Ролан Гарос. Според него, првиот тенисер на АТП-листата не бил доволно подготвен за предизвиците што ги донел овој турнир. Синер доживеа шокантен пораз од аргентинскиот тенисер Хуан Мануел Серундоло, иако имаше предност од 2-0 во сетови и 5-1 во третото сет.

По овој пробив, Италијанецот целосно го загуби ритамот и физички не успеа да го одржи темпото. „Разликата меѓу тоа да бидеш во форма и да бидеш подготвен е огромна, а тој очигледно не беше подготвен. Минатата година играше над пет часа во финалето во Париз, а сега доживеа колапс по само еден час и 45 минути. За тоа не постои изговор“, вели Агаси.

Прочитајте и:  Министерството за здравство: Забележително намалување на новопрегледаните пациенти во Гостивар

Осумкратниот грен слем шампион наглси дека е важна анализа на подготовките на Синер за да се открие причината за неговиот неуспех, истакнувајќи како можни фактори хидратација или некои аспекти од физичката подготвеност. „Тој е најдобриот играч во светот и знам дека може да игра повеќе од пет часа. Не смее да удри во ѕид по толку кратко време. Мора да пронајде што треба да промени“, дополни Агаси.

Неговите коментари стигнуваат по едно од најголемите изненадувања на оваа година на Ролан Гарос, каде што Синер го заврши настапот многу порано од очекувањата.