Општина Аеродром денеска стартува со пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија, која ќе се одвива до средината на јули. Според информациите од Општината, оваа иницијатива е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности. На неколку локации ќе бидат поставени специјални контејнери во кои граѓаните ќе можат да го остават својот отпад…




