Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше на трагичниот настан во Охрид, истакнувајќи сериозни системски слабости и недостаток на безбедност во нашето општество.
„Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, беше мој клиент од самите почетоци на мојата адвокатска кариера. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, изјави Димоски.
Во својата реакција, адвокатот предупредува за загрижувачката состојба во државата, обвинувајќи за недостаток на систем и институционален капацитет. „Во каква средина се претвори Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои воопшто не би им довериле дури ни да ми ја шишат главата“, додава тој.
Димоски истакнува дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и организираат свои активности. „Поради отсуството на систем, не само што психопатите слободно се движат, туку исто така и се организираат во полулегални милитантни форми. Кој знае колку Палчовци се кријат во темни подруми“, пишува адвокатот.
Во својата реакција, тој упатува критики и кон институциите, укажувајќи на недостаток на јасни приоритети во борбата против криминалот. „Листата на задачи кои Премиерот му ги поставува на Државниот обвинител укажува на отсутствие на компас во приоритетите на борбата со криминалот“, нагласува Димоски.
Сепак, тој завршува со пораката дека одговорноста не лежи само на поединците. „Но, повторувам: не се тие виновни“, заклучува адвокатот Војо Димоски по убиството на Климе Митрески.




