Најновиот добитник на „Супер милионер“ е А.Б. од Желино, кој успеа да освои неверојатен џекпот од 7.140.125 денари.
Оваа посакувана ВЛТ добивка беше освоена на видеолотариските терминали во деловниот партнер „Гаминг Професионал Казино СТАР“ на 10.06.2026 година во Желино.
Ваквата среќа му се насмевна на играчот со автоматот 20 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му упати искрени честитки на победникот.
Во периодот од 08.06.2026 до 14.06.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 17.941.991 денари на играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:
• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивка во вредност од 7.140.125 денари
• 6 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 9.290.616 денари
• МИНИ џекпот добивки, на кои играчите заедно освоија 1.511.250 денари
Во пресрет на најголемиот фудбалски настан, Светското првенство во фудбал, Видеолотарија Касинос Австрија подготви уште повеќе возбуда и шанси за значителни добивки на VLT играчите. Фудбалот секогаш бил игра која носи соништа, неизвесност и големи победи. Затоа, Видеолотарија ја комбинира магијата на овој важен настан со препознатливата забава и емотивен подем што го нудат VLT игрите.
За време на шампионатот, Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди зголемен фонд на VLT џекпот добивки за сите фудбалски денови. Кампањата „Секој ден нов милионер“ ќе донесе дополнителна возбуда за играчите со нови можности за значителни добивки секој ден.




