Каква врска имаат машкиот карактер и женските гради?

Истражувањето вели – голема. Многу карактеристики на неговата личност може да ги препознаете само по тоа дали сакаат жени со големи или со мали гради.

Жените со големи гради им се попривлечни на мажите кои сакаат да комуницираат со жените, сакаат спорт и пушат цигари. Жените со мали гради им се привлечни на мажите кои се подредени во врската, религиозни, депресивни и повремено конзумираат алкохол.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот Илиноис, кое, исто така, покажа дека мажите се попрецизни кога треба да одлучат кој дел од женското тело им е најпривлечен. Многу ги привлекува нежно лице, женствен изглед, полни усни, големи очи и тенки веѓи.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

dekolte1

На жените им се попривлечни сосема други работи. Првите четири места на листата се мал задник, виткост, рамен стомак и погледот. Мускулите и големиот полов орган се речиси на последно место.

Интересно е дека мажите навеле сосема други работи кога ги прашале што мислат дека на жените им е најпривлечно кај нив – широки рамена, мускулесто тело, силни раце, голем полов орган и висина.

Во истражувањето учествувале 100 жени и исто толку мажи.

- Реклама -