На 10 и 12 декември од 19 до 22 часот, во библиотеката на МСУ ќе се одржи работилница под водство на уметницата Клелија Живковиќ.
Оваа работилница ќе го стави во пракса неколкугодишно истражување на уметницата Клелија Живковиќ „Дизајн за оживување“, за да насети нови облици на дизајнирање и дејствување, кои ќе бидат директен и еднаков одговор на светот во кој живееме, во насока на светот кој посакуваме да го создадеме.
Во центарот на оваа пракса е процесот на прототипирање, развивање модели за отелотворување и спекулација, барајќи увид во начините на кои човештвото се поврзува со остатокот од живиот и неживиот свет. Форматот на прототипирање дозволува тестирање на недооформени идеи, ставајќи гo фокусот на нивните организирачки принципи како обид за продуктивно отстапување од антропоцентричноста.
Прашањето, „како ја замислуваме иднината?“, е вткаено во нашите избори додека ја градиме сегашноста. Оваа испреплетеност претставува плодна почна за полето на speculative design да се вкорени. Но што претставуваат овие спекулации? Дали во себе содржат значаен увид за можностите да ја напуштиме нашата автодеструктивна траекторија, или се палијативни заспивалки во подготовка за истребувачкиот настан кој се чини сѐ поверојатен?
Учесниците ќе бидат поделени во тимови. Секој тим ќе креира свое спекулативн сценарио и прототип, кои можат да бидат варираат од апстрактни идеи до детално разработени концепти.
Работилницата е наменета за сите заинтересирани, без оглед на нивното познавање од дисциплината – дизајн. Учесниците се охрабрени да ги користат алатките кои им се омилени (фотографија, видео, цртеж, дигитална илустрација, текст, перформанс итн) за да се обидат да ја артикулираат нивната визија за светот кој оживува.
Сите заинтересирани може да се пријават до 9ти декември преку линкот :
https://forms.gle/e6FSsfBGa2GHBUL6A