Јужна Кореја подигна борбени авиони: Кинески и руски воени авиони влегоа во јужнокорејската противвоздушна зона

Единаесет кинески и руски воени авиони денеска навлегоа во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја во период од четири часа, што ја натера Јужна Кореја да подигне борбени авиони, соопшти јужнокорејската војска.

Според Здружениот штаб на Јужна Кореја, леталата влегле во зоната еден по друг во период од четири часа, но ја напуштиле без да предизвикаат инциденти или да навлезат во воздушниот простор на земјата.

„Сите авиони беа идентификувани пред да влезат во зоната, а нашите авиони изведоа тактички маневри како одговор“, соопшти Здружениот штаб.

Кинеските и руските авиони во последните години често влегуваа во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја, а потоа излегуваа без инциденти. Двете земји не ја признаваат зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја.

Прочитајте и:  Шојгу: Рускиот нуклеарен „чадор“ првенствено е наменет за земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност

Зоните на противвоздушна одбрана се воспоставени од многу земји со цел следење и контрола на авионите кои се приближуваат кон нивниот воздушен простор.

- Реклама -