Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство

„Црквата „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од вчера се Музеј на христијанско и исламско културно наследство.

Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Господ Исус Христос или како Алах…всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов“, посочи директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,Оливера Трајковска, на вечерашното отворање на Музејот нахристијанско и исламско културно наследство во Битола.

Според Трајковска, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.

“Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи“, рече Трајковска.

Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.

-Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.

Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.

Реакција веднсш пристигна ид ИЈЗ

„Со длабока загриженост ја примивме веста за отворањсто на Јени џамијата во Битола како “Музеј на христијанското и исламското културно паследство”. Неприфатливо е да не се консултира Исламската верска заедница за оваа иницијатива, ниту да се бара согласност за нејзина трансформацијаl

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Јени џамијата по Битола била изградена по 1558 година за време на отоманскиот период. Во времето на комунизмот, државата ја заплени и ја претвори најпрвин во магацин, а потоа во уметничка галерија. По прогласувањето на независноста на Македонија а особено по поднесувањето на законот за денационилизација во 1998 година од Собранието на Република Македонија, Исламската верска заедница лоследно и континуирано бара враќање на Јени иамијата и нејзино користење од страна на муслиманските верници на Битола, како место за богослужба.

„Остро ја осудувам одлуката за претворање на Новата џамија во Битола во таканаречен „Музеј на христијанско и исламско културно наследство“.

Ова е незаконска и еднострана одлука која го нарушува уставниот поредок и принципите на верска слобода напиша Салих Мурат пратеник од Европскиот фронт.

Новата џамија, која веќе 600 години е активен верски објект, претставува значајна духовна и културна вредност за муслиманската заедница во Битола. Оваа одлука е донесена без консултација и согласност на Исламската заедница, што дополнително го нарушува правото на слободно изразување на верата.

Ги повикувам Владата и сите надлежни институции:

1. Веднаш да ја поништат оваа одлука;

2. Да отворат дијалог со Исламската заедница;

3. Да преземат мерки за заштита на верските и културните објекти во согласност со законите и меѓународните стандарди.

Нашето општество е изградено на принципите на мултикултурализам, толеранција и заедничко наследство. Овој случај е тежок удар врз тие вредности.

Како пратеник, ќе инсистирам ова прашање да биде ставено на дневен ред во Собранието и ќе ги следам сите правни чекори за да се врати правдата. Верските објекти не се само историски споменици – тие се живи сведоштва на нашето заедничко наследство и идентитет.“

- Реклама -