Променливо облачно со повремен дожд

За утре, пак, УХМР најавува сончево, но постудено време со локална облачност

Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На места врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата силен северен ветер.

Фото: МИА

Минимланите температури ќе се движат во интервал од 11 до 16 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 27 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 22 степени.

За утре, пак, УХМР најавува сончево, но постудено време со локална облачност. 

- Реклама -