Американците се загрижени поради повредата на Дурент


Тренерот на кошаркарската селекција на САД, Стив Кер, во саботата смирувачки делуваше по повредата на потколеницата на Кевин Дурент, која го спречи трикратниот освојувач на златен олимписки медали да тренира со остатокот од тимот во последните две седмици пред Олимпијадата во Париз.

Кер, кој зборуваше од Абу Даби каде репрезентацијата на САД продолжува да се подготвува за Олимпијадата, рече дека е уверен дека Дурант ќе биде добро.

„Тој нема да тренира со тимот во овој момент и ќе продолжи да работи индивидуално. Остануваат уште неколку недели до конечната одлука за составот на тимот, така што одиме еден по еден ден. Убедени сме дека тој ќе игра“, рече Кер во саботата за својата ѕвезда, која веќе две седмици страда од истегнување на листот на ногата.

Американскиот тим наликува на Дрим Тим со имиња како Леброн Џејмс, Стивен Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и неодамна крунисаните шампиони во НБА, Џејсон Тејтум и Џру Холидеј од Бостон Селтикс.

Со овој тим, најимпресивниот по славниот и прв „Дрим тим“ од 1992 година, Соединетите држави се стремат кон петти последователен олимписки златен медал и 17-та титула севкупно. Американците ќе одиграат два подготвителни натпревара во Абу Даби против Австралија (15 јули) и Србија (17 јули).

- Реклама -