Јамал е најмладиот стрелец во историјата на ЕП


Младиот 16-годишен шпански напаѓач Ламине Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на европските фудбалски првенства. Јамал во 21. минута од полуфиналниот натпревар против Франција постигна фантастичен гол од околу 20 метри и израмни на 1:1.

Младиот напаѓач на Барселона стана стрелец со 16 години и 362 денови, соборувајќи го претходниот рекорд на Швајцарецот Јохан Вонлантен, кој постигна гол на Европското прванство во 2004 против Франција со 18 години и 141 ден.

Јамал стана воедно и најмладиот играч кој се појави на ова ЕУРО. На натпреварот од 1. коло против Хрватска, тој играше со 16 години и 338 дена, соборувајќи го рекордот на Полјакот Кацпер Козловски на претходниот континентален собир. Козловски тогаш играше против Шпанија со 17 години и 246 дена.

Јамал помина низ академијата на Барселона, славната Ла Масија, и досега впиша 51 настап, седум гола и десет асистенции за првиот тим на Каталонците. Важи за еден од најголемите таленти во светот, а со каталонскиот клуб има договор до летото 2026. Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 90 милиони евра.

НАЈМЛАДИ СТРЕЛЕЦИ НА ЕУРО:
Ламин Јамал – 16 години и 362 дена (Шпанија – Франција 2:1,9 јули 2024 година)
Јохан Вонлантен – 18 години и 141 ден (Швајцарија – Франција 1:3, 21 јуни 2004 година)
Вејн Руни – 18 години, 237 дена (Англија – Швајцарија 3:0, 17 јуни 2004 година)
Ренато Санчес – 18 години, 317 дена (Португалија – Полска 1:1, 5:3 11м, 30 јуни 2016)
Драган Стојковиќ – 19 дена, 108 дена (СФР Југославија – Франција 2:3, 19 јуни 1984 година)
Арда Гулер – 19 години, 114 дена (Турција – Грузија 3:1, 18 јуни 2024 година)…

- Реклама -