ФК Вардар доби нов генерален спонзор, официјално договор со „Новоматик Македонија“


На голема радост на фудбалските навивачи, македонската фудбалска гордост ФК Вардар денеска доби генерален спонзор со официјално потпишување на договор за соработка.

Претставникот на светски реномираниот aвстриски бренд во игрите на среќа „Новоматик Македонија“, одлучи со финансиска програма од милион евра годишно да ги поддржи амбициите на менаџментот, спортскиот колектив и легендарните „Комити“ за враќање на ФК Вардар на старите славни патеки.

Договорот за главно спонзорство беше потпишан од страна на директорот на Новоматик Македонија, Александар Симовиќ и претседателот на ФК Вардар, Милорад Миленковски.

„ФК Вардар е вистинска гордост на македонскиот спорт и претставува синоним за фудбалската традиција во регионот и пошироко. Основан во далечната 1947, Вардар е симбол за најголемите македонски спортски успеси. Со освоените 11 национални првенства и 5 национални купови Вардар е најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб, кој отсекогаш бил расадник на млади таленти кој подоцна доживувале балканска и светска слава. Затоа ни претставува голема чест што на дресовите на овој македонски спортски великан ќе стои логото на нашата компанија. Нема никаква дилема дека поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси. Морам да потенцирам дека лојалноста, посветеноста и борбениот дух на верните навивачи „Комити-Запад“ особено нѐ инспирираа да ја донесеме оваа важна одлука. Искрено веруваме дека ова наше партнерство ќе донесе нова ера на спортски успеси на Вардар, кои долго ќе се паметат. Ќе бидеме среќни ако оваа наша одлука биде мотив и за други компании да го следат нашиот пример и да дадат свој придонес во развојот на македонскиот спорт, кој е многу важен сегмент за среќна и задоволна нација“, истакна Марија Митревска, претставник на Новоматик Македонија.

На денешната прес-конференција пристигна уште една позитивна вест за  навивачите на ФК Вардар. Имено, беше потврдено дека во новиот шампионат „црвено-црните“ своите домашни натпревари ќе играат на Арената во Скопје

Тоа значи дека Вардар по подолго време конечно ќе се врати  во својот дом. Вардарци веќе ги започнаа подготовките за новата сезона.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска доби нов генерален спонзор. Станува збор австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“, која го презема спонзорирањето на најголемиот фудбалски бренд во Македонија.

Австриската компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави, е присутна на македонскиот пазар од 2009 година, и сега реши да инвестира во Вардар.

„Со големо задоволство Новоматик Македонија Ве поканува на настанот по повод потпишување на Договорот со кој што компанијата станува генерален спонзор на Фудбалскиот клуб Вардар“, изјавија од „Новоматик“.

- Реклама -