Еурофарм Пелистер потпиша со српскиот ракометар Илија Абутовиќ,
35-годишниот ракометар кој е специјалист за игра во одбрана, добро е познат во Македонија затоа што од 2011 до 2018 го носеше дресот на скопски Вардар со кој во 2017 година стана и европски првак.
Дефанзивецот доаѓа во Битола од француската лига, каде што го носеше дресот на Шартр, а договорот со битолчани му е на една сезона.
Фото: Еурофарм Пелистер