Бајден ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел доколку во него не е вклучена Украина

Американскиот претседател Џо Бајден ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел, доколку Конгресот го одобри во сегашната форма без да ја спомене Украина, јавија американските медиуми повикувајќи се на службата за буџет на Белата куќа.

Во октомври Белата куќа побара од Конгресот дополнителни средства за обезбедување помош на Украина и Израел, како и за спротиставување на Кина во азиско-пацифичкиот регион и за подобрување на безбедноста долж границата со Мексико. Администрацијата на Џо Бајден за тие цели побара 106 милијарди долари.

Во понеделникот, републиканците во Претставничкиот дом поднесоа предлог-закон кој нема поддршка за Украина и предлага финансирањето на помошта за Израел да доаѓа од кратењата на Службата за внатрешни приходи. Белата куќа го отфрли тој предлог.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

МИА

- Реклама -