Трамп им вети на своите гласачи: „Ќе ја завршам војната во Украина за 24 часа, ќе спречам Трета светска војна“

Поранешниот американски претседател и можен републикански претседателски кандидат – Доналд Трамп, им вети на своите гласачи дека, доколку биде реизбран, „во рок од 24 часа ќе стави крај на војната во Украина“.

Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин почнал да распоредува војници на границата со Украина токму по, како што рече, „катастрофата“ со неговото „исфрлање од Белата куќа“.

Тој ја обвини администрацијата на Бајден дека не се ни обидела да преговара со Путин.

„Не е случајно што ‘длабоката држава’ уште повеќе ме прогонува откако ветив дека ќе ја завршам војната во Украина“, рече Трамп, ветуваќи дека војната ќе ја заврши „многу брзо“ штом ќе биде реизбран.

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

„Ќе имам договор во рок од 24 часа. Стоејќи пред вас денес, јас сум единствениот кандидат кој го даде тоа ветување. Ќе застанам на патот на Третата светска војна кон која одиме“, рече Трамп.

МИА

- Реклама -